• петок, 05 декември 2025

Израел привел четворица Палестинци кои ги ослободи во договорот со Хамас

Израел привел четворица Палестинци кои ги ослободи во договорот со Хамас

Тел Авив, 25 април 2025 (МИА) - Палестинските медиуми објавија дека израелските сили (ИДФ) синоќа во градот Калкилија, на Западниот Брег, уапсиле четворица Палестинци, кои биле ослободени како дел од неодамнешниот договор за прекин на огнот и размена на заложници меѓу Израел и Хамас.

Како што пишува „Тајмс оф Израел“, меѓу уапсените се Абдалах Ал-Валвил, Самех Шубаки, Мајсара Афанех и Маргарет Ал-Раи, а Израел сè уште официјално не ги коментирал овие наводи.

Ова е првиот регистриран случај Израел повторно да апси лица кои биле ослободени како дел од неодамнешниот договор.

За време на прекинот на огнот помеѓу јануари и март, Израел ослободи речиси 2.000 палестински безбедносни затвореници во замена за ослободување на 30 заложници од Газа и телата на осум убиени заробеници. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан