Изложбата „Часослов“ претставена пред младите од Делчево
- Националната установа центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево во фоајето на Спомен Дом „АСНОМ“, денеска ја отвори изложбата на 40 панели со наслов „Часослов“.
Делчево, 20 декември 2024 (МИА) - Националната установа центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево во фоајето на Спомен Дом „АСНОМ“, денеска ја отвори изложбата на 40 панели со наслов „Часослов“.
На отворањето на изложбата директорот и програмскиот директор на установата Љупчо Петровски и Меоди Толевски пред присутните истакнаа дека преку изложбените панели е преставена една страница репродуцирана од оргиналното издание од „Часословот“ на црковнословенски јазик.
-На левата страна е компјутерска адаптација на изгледот и нејзин превод на македонски јазик, е претставена на десната страна на панелите. Автор на преводот е Епископот Делчевско-каменички г.Марко, а дизајнот и дигиталната типографија се на Ласко Џуровски, истакнаа на отворањето на изложбата Петровски и Толевски.
Оваа изложба имаше образовен карактер и истата ја посетија учениците од одновните и средните училишта во Делчево.
Изложбата која ќе биде отворена до 31 декември 2024 година се реализира како дел од активностите на Меѓународниот фестивал посветен на Јаков од Камена Река, првиот печатар на Балканот. вс/дма/
Фото: МИА