• сабота, 22 февруари 2025

МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово

МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово

Скопје, 20 јануари 2025 (МИА) - Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка - Отсек потраги во содејство со НККР Гостивар, денеска околу 14.45 часот на улицата „Пере Тошев“ во Охрид го лишија од слобода е Б.И. (35) од село Горно Татеши, Струга, кој бил баран со централна потерница од КПУ Затвор Идризово поради бегство од затворот. 

Како што соопшти МВР, Б.И. е осуден за кривично дело „тешка кражба“ на казна затвор од осум години и седум месеци, а за доиздржување има пет години,  седум месеци и осум денови. 

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа. вј/нд/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан