• сабота, 22 февруари 2025

Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал

Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал

Велес, 20 јануари 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Велес синоќа во 1.15 часот  ги лишиле од слобода  Б.Х.(27) и С.У.(22), двајцата од Велес, постапувајќи по пријава од Б.Н.(25) од Чашка, дека на „Стар мост“ во Велес физички го нападнале со тврд и стаклен предмет и го оштетиле патничкото возило „рено“ со велешки регистарски ознаки, управувано од  А.И.(33) од Чашка во кое се превезувал Б.Н..

-Б.Х. и С.У. биле задржани во полициска станица, информираа попладнево од СВР Велес.

Додаваат дека бил известен бил Јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.ад/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан