Во беровско Ратево продолжи вековната традиција „Ратевски Бамбурци“
- Во организација на здружението на граѓани „Ратевски Бамбурци" со помош на месната заедница Општина Берово и општествено одговорни фирми и годинава во беровското село Ратево продолжи вековната традиција преточена во карневал „Ратевски Бамбурци“. Настанот секоја година се организира на празникот посветен на Св.Јован Крстител.

Берово, 20 јануари 2025 (МИА) - Во организација на здружението на граѓани „Ратевски Бамбурци" со помош на месната заедница Општина Берово и општествено одговорни фирми и годинава во беровското село Ратево продолжи вековната традиција преточена во карневал „Ратевски Бамбурци“. Настанот секоја година се организира на празникот посветен на Св.Јован Крстител.
-На 20 јануари се организира карневал, маскирање во кожи од животинско потекло и маски со рогови. Карактеристично на карневалот, е црнењето, кое го симболизира здравјето и така останало од постарите, а продолжува да се негува со векови. Ратевските бамбурци, облечени во кожа, ја продолжуваат вековната традиција, која на 20 јануари, секоја година, се организира, по повод христијанскиот празник, Собор на Св.Јован Крстител, во с. Ратево. Заедно со нив и годинава, испишуваме нова културна страница и ги бркаме злото и лошотијата од с. Ратево и од Малешевијата, каде што бамбурците се главните протагонисти, истакнаа пред присутните организаторите на настанот.
Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски нагласи дека Карневалските Бамбурци се бренд на Малешевијата.
-Тоа се иконски јунаци, излезени од некоја митолошка разгледница, кои играат на селскиот мегдан и претставуваат вистинска атракција за гледање, додаде Пекевски.
Маскирањето на Бамбурците почнува после полноќ на Водици, кога детските и возрасните групи се собираат заедно. И годинава главниот настан се случуваше на селскиот мегдан каде покрај презентирањето на маските на гостите кои учествуваа се одигра и познатотот Малешевско оро со учество на сите гости намерници. За учесниците на настанот од страна на здружението Ратевски Бамбурци беа доделени благодарници и признанија.вс/фф/
Фото: МИА