Започна промената на уличното осветлување во Општина Велес
- Екипите на Македонски Телеком од утрово се на терен и во наредните месеци активно ќе работат за промена на целата мрежа за улично осветлување на територијата на Општина Велес.

Велес, 20 јануари 2025 (МИА) - Екипите на Македонски Телеком од утрово се на терен и во наредните месеци активно ќе работат за промена на целата мрежа за улично осветлување на територијата на Општина Велес.
Ќе се променат вкупно 4.500 улични светилки во градот и населените места во Општина Велес, информира градоначалникот Марко Колев.
Светилките, како што посочи, се лед и имаат бело осветлување со што во многу ќе се подобри досегашното улично осветлувањето со жолти светилки во градот и населените места.ад/вј/
Фото: Општина Велес