• понеделник, 20 мај 2024

Извлечени двојките за плејофот за ЕП 2024

Извлечени двојките за плејофот за ЕП 2024

Нион, 23 ноември 2023 (МИА) – Во Нион денес беа извлечени паровите за плејофот за пласман на Европското фудбалско првенство 2024.

Ждрепката одлучи Велс да игра со Финска, Израел да се соочи со Исланд, а Босна и Херцеговина со Украина.

Сите плејоф двојки за ЕП 2024:

Лига А: Полска - Естонија, Велс - Финска.
Победникот од вториот пар ќе игра на домашен терен во финалето.

Лига Б: Израел - Исланд, Босна - Украина.
Победникот од вториот пар ќе биде домаќин на финалето.

Лига Ц: Грузија – Луксембург, Грција – Казахстан.
Победникот од првата двојка ќе биде домаќин на финалето.

Полуфиналните сребри ќе се играат на 21 март 2024 година, а финалните на 26 март 2024 година.

Тројцата победници од финалето ќе учествуваат на Еуро 2024 година во Германија. зс/

Фото: Фејсбук „UEFA“

Остани поврзан