• понеделник, 23 декември 2024

Сите спортски настани во Иран се откажани поради смртта на претседателот на земјата

Сите спортски настани во Иран се откажани поради смртта на претседателот на земјата

Техеран, 20 мај 2024 (МИА) - Иранските власти одлучија да ги откажат сите спортски настани во земјата поради смртта на претседателот на земјата Ебрахим Раиси, пренесе агенцијата ИРНА.

Раиси загина во хеликоптерска несреќа. Инцидентот се случи вчера попладне.

Заедно со шефот на државата, во хеликоптерот се наоѓале и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан и други членови на делегацијата. Меѓу нив се имамот на Табриз Мохамад Али ал-Хашем, шефот на провинцијата Источен Азербејџан Малек Рахмати, екипаж на хеликоптер и еден телохранител. зс/

Фото: Икс

Остани поврзан