• недела, 22 декември 2024

Симеоне: Фудбалерите на Атлетико имаа добра сезона, јас не

Симеоне: Фудбалерите на Атлетико имаа добра сезона, јас не

Мадрид, 20 мај 2024 (МИА) - Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне го сподели своето мислење за резултатите на мадридскиот клуб во сезоната 2023/24.

Вчера „душекџиите“ претрпеа пораз на домашен терен од Осасуна (1:4) во натпреварот од 37. коло на шпанското првенство.

- Не можам да ги видам ниту предностите ниту недостатоците на оваа сезона. Се разбира, во одреден момент направив погрешен избор, што доведе до несреќни резултати, но не судам. Секогаш сакам да бидам подобар. Моите играчи имаа добра сезона, јас не, го цитира „Марка“ Симеоне.

Атлетико моментално се наоѓа на 4. место во Ла Лига со 73 бода. Заостанувањето до третото место на Жирона на коло пред крајот на првенството е пет бода.

Тимот од Мадрид не освои ниту еден трофеј, откако беше елиминиран од полуфиналето на Купот и Суперкупот на Шпанија. Во Лигата на шампионите, Шпанците стигнаа до четвртфиналната фаза од плејофот, губејќи од Борусија Дортмунд со вкупен резултат (2:1, 2:4). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан