Швјонтек избори полуфинале на Австралија опен
- Ига Швјонтек утринава ја победи Американката Ема Наваро со 6:1 и 6:2 во четвртфиналето на Австралија Опен.

Мелбурн, 22 јануари 2025 (МИА) - Ига Швјонтек утринава ја победи Американката Ема Наваро со 6:1 и 6:2 во четвртфиналето на Австралија Опен.
Во меч што траеше 1 час и 31 минута, 23-годишната полска тенисерка имаше еден ас, две двојни грешки и пет претворени брејк топки од девет шанси.
Во полуфиналето Швјонтек ќе се соочи со Американката Медисон Кис која ноќеска со 2:1 ја победи Елина Свитолина од Украина.
Другата полуфинална двојка на женскиот дел од Грен слемот во Мелбурн е Сабаленка – Свитолина. зс/
Фото: ЕПА