• петок, 17 мај 2024

ИЗБОРИ 2024/Биљал Касами со потпис за кандидатурата на Арбен Таравари за претседател

ИЗБОРИ 2024/Биљал Касами со потпис за кандидатурата на Арбен Таравари за претседател

Тетово, 26 февруари 2024 (МИА) - Претседателот на Движење Беса и градоначалник на Тетово Биљал Касами заедно со членови и симпатизери на неговата партија и коалицијата „Вреди“ за дадоа потписи за кандидатурата на Арбен Таравари за претседател.

Касами истакна дека има голем интерес кај граѓаните, но ограничувачки се капацитетите на ОИК Тетово бидејќи собирањето на потписи се прави во само една канцеларија, а доаѓаат луѓе од шест тетовски општини.

-Промената е веќе започната, ниту владата, ниту Русија, ниту некој друг не може да ја спречи оваа промена, така што промената доаѓа и коалицијата „Вреди“ ќе ја направи таа промена. Денеска официјално почнавме да собираме потписи, некои граѓани кога ја добија информацијата дури и за време на викендот се потпишаа, но немаме информација колку потпишаа за време на викендот, но официјално денеска како коалиција почнуваме да собираме потписи. Верувам дека за многу краток период ќе ги собереме потписите, тоа го одредува капацитетот на ДИК, доколку имаше повеќе канцеларии, верувам дека за еден ден ќе се соберат потписите, рече меѓу другото Касами.

Канцелариите на ОИК Тетово се во зградата на Општина Тетово. ас/лв/

фото: Биљал Касами ФБ 

Остани поврзан