• среда, 20 ноември 2024

ИДФ: Во нападот во Бејрут убиен уште еден командант на Хезболах, Набил Каук

ИДФ: Во нападот во Бејрут убиен уште еден командант на Хезболах, Набил Каук

Тел Авив, 29 септември 2024 (МИА) - Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека уште еден командант на Хезболах, Набил Каук е убиен во синоќешниот воздушен напад врз Бејрут.

Каук бил убиен во напад на воен авион во предградието Дахије, познато упориште на Хезболах, наведува „Тајмс оф Израел“.

Тој беше командант на „превентивната безбедносна единица“ на Хезболах и висок член на Централниот совет на либанската група, се вели во соопштението на ИДФ. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан