• недела, 21 јули 2024

Ивановски полуфиналист на ИТФ фјучрсот во Скопје

Ивановски полуфиналист на ИТФ фјучрсот во Скопје

Скопје, 9 јуни 2023 (МИА) – Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски ќе игра во полуфиналето на ИТФ фјучрсот во Скопје.

 

Ивановски денес требаше да игра со Мирза Башиќ од Босна и Херцеговина кој го предаде мечот поради повреда.

 

Македонецот утре во полуфиналето ќе игра со победникот од мечот Миљан Зекиќ (Србија) и Ерги Киркин (Турција). 

 

Турнирот во Скопје се игра за награден фонд од 25.000 долари. зс/

 

Фото: Фејсбук

Остани поврзан