Интер го назначи Романецот Кристијан Киву за главен тренер
- Интер го назначи Романецот Кристијан Киву за главен тренер со двегодишен договор. Киву го заменува Симоне Инзаги, кој си замина откако италијанскиот тим загуби со 0-5 во финалето на Лигата на шампионите од Пари Сен Жермен.
Милано, 9 јуни 2025 (МИА) - Интер го назначи Романецот Кристијан Киву за главен тренер со двегодишен договор. Киву го заменува Симоне Инзаги, кој си замина откако италијанскиот тим загуби со 0-5 во финалето на Лигата на шампионите од Пари Сен Жермен.
Поранешниот дефанзивец на Интер, Киву, кој ја напушти Парма по помалку од четири месеци на чело, играше како дефанзивец за Интер седум години и беше дел од тимот на Жозе Мурињо кој ја освои тројната круна во 2010 година.
-Кристијан Киву го започнува третото поглавје од својата приказна како дел од „нероазурите“. И тоа го прави со вредностите што отсекогаш го воделе: посветеност, жртва и работна етика, се вели во соопштението на клубот.
Интер ја започнува својата кампања на Светското клупско првенство против мексиканскиот тим Монтереј на 17 јуни во Лос Анџелес. Инзаги, кој го напушти клубот минатата недела по четири години како тренер, се приклучи на саудискиот тим Ал-Хилал. дс
Фото: Архива