Манчестер Сити постигна договор со Лион за трансфер на Рајан Шерки
- Манчестер Сити постигна договор со Олимпик Лион за трансфер на играчот од средниот ред Рајан Шерки, објави „Скај Спортс“. Десеткратните англиски фудбалски шампиони ќе им платат 40 милиони евра на Французите за правата на репрезентативецот.
Лондон, 9 јуни 2025 (МИА) - Манчестер Сити постигна договор со Олимпик Лион за трансфер на играчот од средниот ред Рајан Шерки, објави „Скај Спортс“. Десеткратните англиски фудбалски шампиони ќе им платат 40 милиони евра на Французите за правата на репрезентативецот.
Во своите информации, „Скај Спортс“ тврди дека Сити сака да го комплетира трансферот на Шерки до почетокот на Светското клупско првенство во САД и да го регистрира за турнирот. Ова значи дека тој мора да помине лекарски прегледи во наредните часови.
Минатата сезона, Шерки одигра 30 натпревари за Лион, во кои постигна осум гола и имаше 11 асистенции.
Ливерпул, исто така, беше заинтересиран за него, но се сврте кон германскиот репрезентативец Флоријан Вирц од Баер Леверкузен. дс
Фото: Архива