Пет ракометари го напуштаат шампионскиот тим на Еурофам Пелистер
- Пет ракометари, првотимци на Еурофарм Пелистер го напуштаа шампионскиот тим на клубот кој јавно се заблагодари за нивниот придонес во освојувањето на првенството и настапите во европската Лига на шампионите.
Битола, 9 јуни 2025 (МИА) - Пет ракометари, првотимци на Еурофарм Пелистер го напуштаа шампионскиот тим на клубот кој јавно се заблагодари за нивниот придонес во освојувањето на првенството и настапите во европската Лига на шампионите.
Во следната сезона во државата и странство во нови клубски средини ќе настапуваат Урош Борзаш, Ненад Костески, Емилијан Ѓорговски, Павле Петровиќ и Мохамед Шабиб Мамдух.
Верноста кон клубот на уште една година ја потврди српскиот интернационалец Богдан Радивијевиќ, потврдија од РК Еурофарм Пелистер. мт
Фото: РК Еурофарм Пелистер