• понеделник, 20 мај 2024

Земјотрес во јужниот дел на Калифорнија

Земјотрес во јужниот дел на Калифорнија

Лос Анџелес, 30 јули 2020 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 4,2 степени со епицентар во Лос Анџелес го потресе јужниот дел на американската држава Калифорнија.

Земјотресот, што беше почувствуван низ долината Сан Фернандо, се случи утрото во Лос Анџелес околу 04:30 по локално време.

Во јужниот дел на Калифорнија, земјотресот беше проследен со серија послаби земјотреси со јачина од 3,3 степени.

Засега нема извештаи за повредени или материјална штета. паг/

Остани поврзан