• понеделник, 23 декември 2024

Зеленски на конференцијата на Економист во Атина: Санкциите кон Русија да се спроведат 100 проценти

Зеленски на конференцијата на Економист во Атина: Санкциите кон Русија да се спроведат 100 проценти
Атина, 5 јули 2022 (МИА) – Русија нема да запре во Украина. Ако не ја запреме овде, ќе продолжи и ќе продолжи со истата политика, порача украинскиот претседател Володимир Зеленски на конфренцијата на Економист во Атина, на која учествуваше преку видео линк, јави дописничката на МИА од Атина. Зеленски, заедно со претседателките на Грција и Молдавија, Катерина Сакеларопулу и Маја Санду се обратија на отворањето на годинешната конференција, 26-та тркалезна маса со грчката Влада, а украинскиот претседател одговарајќи на прашањето на неговата грчка колешка порача дека е потребно целосно спроведување на сите санкции. -Ако санкциите се спроведат 100 проценти од сите земји, сигурен сум дека ќе биде тешко за целиот свет, но ќе биде тешко и за Русија и ќе ја запрат војната. Санкциите, треба да биде јасно дека не се само поради Украина, туку поради прекршувањето на меѓународното прво, прекршување на начинот на кој ја третираат демократијата, слободата, човековите права, слободата на говор. Ги прекршуваат овие принципи и ова е причината зошто беа воведени санкции и треба да продолжат, истакна Зеленски. Порача дека Русија носи само кризи, се обидува преку енергетиката и гасот да создаде инфлација во Европа. Потенцираше дека е неопходно единство во Европа и повеќе безбедност што може да е одговорот до оние кои се обидуваат да го дестабилизираат континентот, истакнувајќи дека безбедноста за Украина значи безбедност за цела Европа. Паралелно изрази благодарност до сите земји што го поддржуваат членството на Украина во ЕУ. ср/сд/ Фото: Економист

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан