• четврток, 04 декември 2025

Бајру: Трговскиот договор меѓу САД и ЕУ е црн ден за Европа

Бајру: Трговскиот договор меѓу САД и ЕУ е црн ден за Европа

Париз, 28 јули 2025 (МИА) – Францускиот премиер Франсоа Бајру изјави дека Европската Унија капитулирала пред заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за сè поголеми царини, нарекувајќи го рамковниот договор постигнат во Шкотска „црн ден“ за ЕУ, пренесува „Гардијан“.

- Тажен е денот кога сојуз на слободни народи, здружени за да ги потврдат своите заеднички вредности и да ги бранат своите заеднички интереси, прифаќа потчинување, напиша Бајру на X.

Со договорот се воведуваат царини од 15 проценти на речиси целиот европски извоз во САД, вклучувајќи автомобили, што е приближно трипати повеќе од моменталната царинска стапка од 4,8 отсто, но се избегнува заканата од казнени царини од 30 проценти кои Трамп планираше да ги воведе до 1 август доколку не се постигне договор. јт/

Остани поврзан