• сабота, 27 јули 2024

Зеленски во посета на Шпанија

Зеленски во посета на Шпанија

Киев, 27 мај 2024 (МИА) – Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска во Мадрид ќе се сретне со премиерот на Шпанија, Педро Санчез и со шпанскиот крал Фелипе Шести.

Тоа е прва официјална посета на Зеленски на Шпанија. Санчез претходно најави дека на средбата со Зеленски ќе биде потпишан договор за билатерална соработка. Украина такви договори склучи со Германија, Франција, Италија и други земји.

Зеленски требаше да престојува во Шпанија во средината на месецот, но посетата беше откажана поради новата руска офанзива во северна Украина. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан