• среда, 11 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Зеленски вели дека Кина и доставува оружје на Русија

Зеленски вели дека Кина и доставува оружје на Русија

Киев, 17 април 2025 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Кина дека и испорачува оружје на Русија, пренесе ДПА.

- Од денес имаме општи информации од служба СБУ за разузнавање и извидување за барут и артилерија, изјави Зеленски пред новинарите денеска во Киев, додавајќи дека има намера да даде подетални информации следната недела.

Тој исто така тврди дека претставници на Кина произведуваат оружје на руска територија.

Украина се брани од руска инвазија со поддршка од Западот повеќе од три години.

Кина постојано ја нагласува својата неутралност во конфликтот и стремежот кон мирно решавање.

Зеленски претходно го обвини Пекинг дека одобрува регрутирање на кинески државјани за руската армија. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан