• петок, 12 декември 2025

Бројот на жртвите од масакрот во Грац се искачи на 11

Бројот на жртвите од масакрот во Грац се искачи на 11

Виена, 10 јуни 2025 (МИА) – Универзитетската болница во Грац соопшти дека едно возрасно лице им подлегнало на повредните здобиени во масакрот во училиштето БОРГ, со што бројот на жртвите се искачи на 11.

Во училиштето БОРГ во Грац, утрово се случи масовно пукање, при што загинаа девет лица, а напаѓачот се самоуби. Во масакрот повредени се најмалку 28 лица, меѓу кои ученици и наставници.

Поради масакрот во Австрија е прогласена тридневна национална жалост. ми/

фото: Икс

Остани поврзан