• недела, 12 мај 2024

Заврши санирањето на поплавениот пензионерски клуб во Делчево

Заврши санирањето на поплавениот пензионерски клуб во Делчево

Делчево, 20 септември 2023 (МИА) - Здружението на пензионери од Делчево ја заврши санацијата на просториите во Клубот на пензионери кој неодамна беше зафатен од поплавите кои го зафатија Делчево.

Претседателката на здружението, Виолета Арсова, информираше дека санацијата се реализирала со поддршката која што ја добиле од локалната самоуправа и спонзори. 

- Имавме голема хаварија за време на поплавата и нашиот пензионерски клуб долго време беше затворен, односно не функционираше. Благодарение на фирмата ГП Гранит и градоначалникот на Општина Делчево со локална самоуправа, успеавме после поплавите да го санираме Клубот на пезнионери и да го приспособиме како едно убаво пензионерско катче. Сега повторно пензионерите можат да го користат слободното време за играње различни игри, кој за која игра има афинитет, со тоа што планираме да воведеме и нов фонд на игри кои што ќе се одржуваат во пензионерскиот клуб, рече Арсова.

Претходно, како што додаде, во Клубот на пезнионери со поддршка на спонзори е обезбеден соодветен пристап за пензионери со попреченост.

- Сакам да напоменам дека нашиот пензионерски клуб освен за секојдневните игри како шах, домино и друго, го користиме и за едукативни предавања најлесто со Црвен Крст Делчево за разни акции. Последната беше за бесплатно мерење на шеќер во крвта, додека имавме и работилници со МВР на тема спречување на семејно насилство, додаде Арсова.

Претседателката на делчевското здружение ја искористи приликата на пензионерите да им го честита 20 Септември, Светскиот ден на пензионерите, посакувајки им долг пензионерски живот. Воедно, на пензионерите кои учествуваа на неодамнешните спортски пензионери игри во Брвеница, им го честиташе освојувањето на златен и сребрен медал во атлетика и табла, упатувајки посебна честитка до пензионерката Станојка Атанасова, која и на 85 години се уште учествува и освојува медали во табла во женска конкуренција. вс/ар

Фото/МИА

Остани поврзан