• понеделник, 20 мај 2024

Заврши крводарителската акција во Делчево

Заврши крводарителската акција во Делчево

Делчево, 1 февруари 2023 (МИА) - Вупно 64 крводарители денес даруваа крв во рамки на февруарската крводарителска акција одржана во Делчево. Акцијата ја организираше Општинската организација на Црвен Крст Делчево во соработка со Републичкото одделение за трансфузиологија од Скопје.

-Најголем дел од крводарителите беа редовни крводарители, иако мажите крводарители беа побројни, сепак изразит беше бројот и на редовни крводарителки, меѓу нив и претседателката на Општинската организација на Црвен Крст од Делчево. Клжам да кажам дека беше солидна и бројката на млади лица кои даруваа крв, како и оние кои за прв пат решија да ја испружат раката и да спасат човечки живот, истакна доктор Петар Стојановиќ.

Од Црвен Крст Делчево изразија задоволство од денешната акција и ги поканија редовните крводаритело од Делчево да се приклучат на следната акција која ќе се одржи во почетокот на месец март. 

-Распоредот е таков што во месеците кои доаѓаат ќе можат да се вклучат и припадниците на полицијата. Благодарност до сите кои на почетокот на годинава донираа крв со цел да помогнат некому кој има потреба од животворната течност, додадоа од Црвен Крст Делчево.

Во досегашните две акции од почетокот на годината делчевчани подарија 160 крвни единици. вс/дма/

 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан