• вторник, 14 мај 2024

Заврши инсталирањето на дел од енергетско-ефикасните светилки во Делчево

Заврши инсталирањето на дел од енергетско-ефикасните светилки во Делчево

Делчево, 1 декември 2023 (МИА) - Заврши инсталирањето на дел од енергетско-ефикасните светилки и новите канделабри во градскиот парк во Делчево.

Според најавите на изведувачот, градскиот парк ќе добие комплетно енергетски ефикасно осветлување на почетокот од идната недела, кога ќе бидат поставени и инсталирани сите планирани енергетско-ефикасни светилки.

Со проектот се предвидени 138 нови лед рефлектори,10 канделбари, 4 клупи, како и лед-диодни рефлектори за летната сцена во градскиот парк АСНОМ.

Со поставувањето на овие светилки, како што велат од Општината, значително ќе се подобри енергетската ефикасност и заштедата на енергија во централното градско подрачје и ќе се влијае во заштитата на животната средина.

Проектот е финансиски поддржан од Мрежата за рурален развој на Македонија преку Проектот за поддршка на заедницата УСАИД, со вкупна вредност од околу 2.500.000 денари. вс/ра/

Фото: МИА
 

 

 

Остани поврзан