• вторник, 14 мај 2024

Ешли Олсен стана мајка

Ешли Олсен стана мајка

Лос Анџелес, 15 август 2023 (МИА) - Американската детска актерска ѕвезда од 90-тите и предминатото десетлетие, Ешли Олсен и нејзиниот сопруг, уметникот Луис Ајснер станале родители. Детето се родило пред неколку месеци, а полот и името сѐ уште не се познати, пишуваат американските медиуми.

Глумицата сѐ уште не се огласила по наводите.

Таа и Ајснер се венчале лани во кругот на најблиските. Никогаш не сакаа јавно да говорат за врската.

- Јас и сестра ми сме дискретни личности, изјави Ешли во една прилика.

Поранешната детска и тинејџерска ѕвезда сега се занимава со мода со нејзината сестра-близначка Мери-Кејт, со која заедно го основаа брендот „Роу“ (The Row).  си/сд/

Фото: ИМДБ

Остани поврзан