• среда, 24 април 2024

Ешли Кол: Роналдо ми предизвикуваше кошмари

Ешли Кол: Роналдо ми предизвикуваше кошмари

Лондон, 25 март 2024 (МИА) - Поранешниот дефанзивец на Арсенал и Челси, Ешли Кол зборуваше за играњето против Кристијано Роналдо во Премиер лигата. 

Поранешниот англиски репрезентативец изјави дека и покрај сериозните битки со Португалецот, тој многу го почитува.

-Правеше сè на теренот - дриблинг, можеше да спринтира, да скока и со глава, да се движи во центарот и да игра на крилните позиции. Ви велам, ми предизвикуваше кошмари. Се обидувавме да се прилагодиме еден на друг и повремено се надигрувавме. Кристијано во Премиер лигата дојде непознат, но сфати што треба да направи за да биде на врвот. Роналдо сакаше да стане најдобар во светот и стана машина, изјави Кол, цитиран од „Гол“.

На 25 март беше објавено дека Ешли Кол е примен во Куќата на славните во Премиер лигата. дс

Фото: Архива

Остани поврзан