• сабота, 18 мај 2024

Надал: Ќе играм на Ролан Гарос ако чувствувам дека можам да се натпреварувам

Надал: Ќе играм на Ролан Гарос ако чувствувам дека можам да се натпреварувам

Мадрид, 24 април 2024 (МИА) - Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска во Мадрид изјави дека ќе игра на претстојниот Ролан Гарос само доколку почувствува дека е доволно подготвен за да се натпреварува, пренесе Би-би-си.

Надал лани не играше на Ролан Гарос поради повреда. Шпанскиот тенисер оваа недела ќе игра на Мастерсот во Мадрид.

-Да бев во Париз денес, немаше да излезам да играм. Мислам дека не би можел да играм 100 проценти, но важно е да можам да играм последен пат во Мадрид. Многу ми значи да играм на овој турнир каде имав добри моменти, рече Надал на прес-конференција во Мадрид. дс

Фото: Архива

Остани поврзан