• недела, 05 мај 2024

Еурофарм Пелистер ги одреди цените на билетите за ЛШ, продажбата од понеделник

Еурофарм Пелистер ги одреди цените на билетите за ЛШ, продажбата од понеделник

Битола, 1 септември 2023 (МИА) – Поединечните билети за натпреварите на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампиони ќе чинат од 450 до 550 денари, додека сезонскиот билет од 5.500 до 6.500 денари, објави денеска македонскиот ракометен првак.

Во клупското соопштение се прецизира дека навивачите со купување сезонски билети ќе можат да ги следат сите натпревари на Еурофарм Пелистер и на Еурофарм Пелситер 2 во сезоната 2023/24, кои притоа во соработка со „Шпаркасе банка“ ќе можат да се купат на рати.

-Порталот за е-продажба на билети на РК Еурофарм Пелистер ќе биде отворен на 4 септември, во 19:00 часот. На порталот ќе може преку реализација на електронска трансакција директно да го купите вашиот сезонски билет или преку апликацијата: „Сезонска карта со Шпаркасе банка“, да го резервирате вашиот билет за период од 48 часа. Шпаркасе Банка, како наш верен поддржувач и спонзор, оваа година ќе даде и огромна поддршка во купувањето на сезонските билети, односно ќе овозможи сумата од 6.500 и 5.500 денари да се плаќа на девет месечни рати без камата, соопшти клубот од Битола.

Еурофарм Пелистер ќе ја отвори новата сезона со дуелот во Суперкупот против освојувачот на македонскиот Куп, Вардар 1961, кој Ракометната федерација на Македонија го закажа за 6 септември во Струмица. ег/љм/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан