• понеделник, 13 мај 2024

Анчелоти: Нашата радост е воздржана затоа што претстои најважниот натпревар во сезоната

Анчелоти: Нашата радост е воздржана затоа што претстои најважниот натпревар во сезоната

Мадрид, 5 мај 2024 (МИА) - Реал Мадрид ја освои рекордната 36-та шампионска титула во шпанската Ла Лига на четири кола пред крајот. Ова се случи по успехот на „белиот балет“ со 3:0 над Кадиз, по што следеше победа од 4:2 за Жирона над Барселона Така, резултатот од каталонското дерби го круниса тимот од главниот град.

Но, без да го изневери својот стил, италијанскиот тренер на новите шампиони, Карло Анчелоти, претпочита да остане смирен. Затоа што, според него, претстојат уште поважни натпревари.

-Очигледно е воздржана радост бидејќи најважниот натпревар во сезоната е исто така многу блиску. И покрај тоа што го очекуваме Баерн, мора да бидеме среќни. Ова е заслужена титула во секој поглед и имавме фантастична поддршка од навивачите. Би сакале да славиме со сите навивачи, но тие разбираат затоа што во среда имаме многу важен предизвик. Сакаме добро да се подготвиме за да ги задоволиме навивачите и заедно ќе ја славиме титулата во сабота. Сега е важно да славиме воздржано, бидејќи целта во среда е многу важна, рече Анчелоти.

Запрашан што би издвоил во однос на тимот за освојувањето на трофејот, тој рече: „Пред се, посветеноста на сите. Беше лесно да се управува со овој тим бидејќи има многу посветеност и малку его. Сите си помагаат и се пријатели и надвор од теренот. Можам да кажам дека тоа беше фантастична кампања, бидејќи сите беа посветени на она што го правиме, не можам да ги изоставам ниту навивачите, бидејќи тие беа таму за нас цело време“.

Во однос на тоа кој беше клучниот момент за освојување на шампионатот, Анчелоти смета дека голот на Џуд Белингем против Барселона им дал предност.

-Имавме многу континуитет од првиот до последниот натпревар, додаде Италијанецот. дс

Фото: Реал Мадрид

Остани поврзан