• понеделник, 20 мај 2024

„Ермитаж Амстердам“ од септември ќе се вика „Х'АРТ музеј“

„Ермитаж Амстердам“ од септември ќе се вика „Х'АРТ музеј“

Амстердам, 28 јуни 2023 (МИА) - Музејот „Ермитаж“ во Амстердам, Холандија, којшто ги прекина врските со „Ермитаж“ од Санкт Петербург во Русија, по почетокот на војната во Украина, официјално го смени името и најави партнерство со реномирани галерии од Лондон, Париз и Вашингтон.

Имено, „Ермитаж Амстердам“ од септември ќе се вика „Х'АРТ музеј“.

Музејот веќе има воспоставено партнерство со Британскиот музеј, Центарот Помпиду од Франција и Американскиот уметнички музеј Смитсонијан.   си/

Фото: Википедија.

Остани поврзан