• недела, 22 декември 2024

Раперот Диди призна дека ја тепал својата девојка во 2016 година

Раперот Диди призна дека ја тепал својата девојка во 2016 година

Лос Анџелес, 20 мај 2024 (МИА) - Откако пред неколку дена се појавија вознемирувачки снимки од надзорни камери кaдe што хип-хоп ѕвездата Диди, со вистинско име Шон Комбс, како физички ја напаѓа својата поранешна девојка Кеси Вентура во 2016 година, раперот проговори за настанот.

Комбс сподели видео и, меѓу другото, ја презеде одговорноста за своите постапки. 

„Толку е тешко да размислуваш за најмрачните мигови во својот живот. А, понекогаш мораш. Бев зафркнат. Мислам дека тогаш го допрев дното, но не барам изговори. Моето однесување во тоа видео не се оправдува. Ја преземам целосната одговорност за моите постапки на тоа видео. Ми се гадеше кога го направив тоа, ми се гади сега“, пишува Диди, додавајќи дека потоа побарал стручна помош и оти „бара прошка од Бога“.

Но, Окружното обвинителство на Лос Анџелес не може да поднесе обвинение против него, велат оттаму, поради застареноста на случајот.

„Свесни сме за видеоснимката што кружи на интернет, на којашто наводно се гледа како Шон Комбс напаѓа млада жена во Лос Анџелес. Сметаме дека сликите се крајно вознемирувачки и тешки за гледање. За жал не можат да се поднесат обвиненија бидејќи однесувањето се случило надвор од временската рамка во којашто лицето може да се гони за кривичното дело напад“, се вели во соопштението.

На снимката, раперот без кошула, со крпа околу половината трча по Кеси низ ходникот од хотелот, додека таа се обидува да влезе во лифтот. Во тој миг, ја фаќа за глава и ја удира од подот, па ја удира и со нога додека девојката лежи на земја, пред да ја одвлече во нивната соба.

Инаку, Комбс и Вентура претходно постигнаа судска спогодба еден ден откако пејачката поднесе тужба против раперот и музички продуцент за физички напади и сексуално искористување. Девојката тврдеше дека Диди бил склон кон „неконтролирани бесови“ и честопати „дивјачки ја тепал“. Наводно, сѐ се одвивало пред неговите вработени, а и често ја терал да го носи неговото огнено оружје во нејзината чанта „за да ја потсеќа дека тој е способен“ тешко да ја повреди.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан