Емери: Навикнат сум да играм против моите поранешни клубови, па затоа соочувањето со Арсенал не е ништо ново
- Тренерот на Виљареал, Унаи Емери, по елиминацијата на Динамо Загреб во четвртфиналниот натпревар од Лигата на Европа, во следната фаза ќе се соочи со својот поранешен клуб Арсенал.

Виљареал, 16 април 2021 (МИА) - Тренерот на Виљареал, Унаи Емери, по елиминацијата на Динамо Загреб во четвртфиналниот натпревар од Лигата на Европа, во следната фаза ќе се соочи со својот поранешен клуб Арсенал.
- Како прво, навикнат сум да играм против моите поранешни клубови, па затоа играњето против Арсенал, кој сум го тренирал, нема да биде ново искуство за мене. Ова е наша шанса да се најдеме во највисокиот ешалон на европскиот фудбал. Главната работа е да уживаме во досега постигнатото и да ја прекинеме серијата елиминации во полуфиналето. Треба да почувствуваме што се случува, да зачекориме на теренот и да уживаме во моментот, рече Емери.
За Виљареал, ова е петто полуфинале во евро-куповите, а Емери шесто.
Во другото полуфинале од ЛЕ ќе се сретнат Манчестер јунајтед и Рома. зс/