• петок, 05 декември 2025

Ледецки постави рекорд по број на победи на светските првенства

Ледецки постави рекорд по број на победи на светските првенства

Сингапур, 2 август 2025 (МИА) - Американката Кејти Ледецки денес победи во финалето на 800 метри слободен стил на Светското првенство во Сингапур. Нејзиниот резултат беше 8 минути 5,62 секунди.

Дваесет и осумгодишната пливачка постави нов рекорд на светските првенства во оваа дисциплина, а стана и рекордерка по број на победи на светските првенства (23).

Австралијката Лани Палистер го освои второто место со рекорд на Океанија од 8 минути 5,98 секунди, а Канаѓанката Самер Мекинтош заврши на третото место со 8 минути 7,29 секунди.

На Светското првенство во 2025 година, Ледецки победи и на 1500 метри слободен стил, освои сребро во штафетата 4x200 метри слободен стил и бронза во 400 метри слободен стил. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан