• петок, 05 декември 2025

Ботофаго му позајми на Лион 22 милиони евра во 2024 година

Ботофаго му позајми на Лион 22 милиони евра во 2024 година

Рио де Жанеиро, 2 август 2025 (МИА) - Судската постапка против сопственикот на Ботафого, Џон Текстор, е во тек во Бразил.

Според „О Глобо“, судските документи покажуваат дека помеѓу март и мај 2024 година, бразилскиот клуб му обезбедил на Лион два заеми: на 13 март  21,2 милиони евра и на 29 мај еден милион евра. Текстор е исто така сопственик на францускиот клуб.

Трансакциите се извршени преку банката „BS2“, при што САФ Ботафого е исплатувач, а Олимпик Лион Груп како примател во странство.

Во договорите за заем се наведува дека условите за отплата за двата заеми се утврдени на една година по потпишувањето, со годишна каматна стапка од 6 проценти.

На 24 јуни стана познато дека Националната дирекција за контрола и управување (DNCG) одлучила да го префрли Лион во втората лига на земјата поради прекршувања на финансиските извештаи. Лион подоцна поднесе жалба против испаѓањето, која беше уважена па клубот остана во Лига 1. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан