Пораз за македонските кошаркари на стартот на претквалификациите за СП 2027
- Македонската кошаркарска репрезентација вечерва во Куманово загуби од Романија со 80:72 во премиерниот меч од претквалификациите за Светското првенство 2027.
Куманово, 2 август 2025 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација вечерва во Куманово загуби од Романија со 80:72 во премиерниот меч од претквалификациите за Светското првенство 2027.

Во натпревар исполнет со многу резултатски промени, на крајот пресуди последната четвртина во која Романците одиграа подобро, и направија „брејк“ на почетокот од натпреварите во групата „Е“.
Вајли со 28 поени беше прв стрелец во составот на Македонија, двоцифрени беа и Митревски и Мекиќ со по 10 поени.

Шанса за прва победа избраниците на селекторот Марјан Илиевски ќе бараат следниот меч на гостувањето во Унгарија. зс/
Фото: МИА