• петок, 05 декември 2025

Барони: Преферирам напорна работа, отколку изјави

Барони: Преферирам напорна работа, отколку изјави

Торино, 2 август 2025 (МИА) - Новиот тренер на Торино, Марко Барони, е подготвен да ги продаде клучните играчи на тимот во летниот преоден рок.

- Навикнат сум да работам со оние што ми се на располагање, сите тренери мора да се приспособат на долг преоден рок кој останува отворен дури и по почетокот на сезоната. Преферирам напорна работа пред изјави, па едвај чекам подобро да ги запознаам навивачите и да ја почувствувам нивната страст. Работиме и играме тука за луѓето. Мојот тим мора да им ја пренесе оваа емоција и душа. Добро бев свесен за ситуацијата. Невозможно е да се задржат играчите кога се отвораат вакви можности. Постојано сум во контакт со клубот и сите знаеме што му треба на овој тим, изјави 61-годишниот тренер на прес-конференција.

Во летниот преоден рок, играчот од средниот ред Самуеле Ричи беше продаден на Милан, додека голманот Вања Милинковиќ-Савиќ се пресели во Наполи на позајмица.

Барони беше назначен за главен тренер на Торино на 1 јули 2025 година. Во сезоната 2024/25 работеше во Лацио. На крајот од сезоната, Торино го освои 11. место во Серија А, а Лацио заврши седми. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан