• среда, 10 јули 2024

Елитна севернокорејска воена единица во посета на Русија

Елитна севернокорејска воена единица во посета на Русија

Пјонгјанг, 9 јули 2024 (МИА) - Делегација на севернокорејската елитна воена единица отпатува во посета на Русија, објавија денеска севернокорејските државни медиуми.

Како што наведуваат странските агенции, ова е прва воена размена меѓу двете земји откако нивните лидери потпишаа пакт со кој се обврзуваат на поблиска воена соработка.

Претседателот на Воениот универзитет „Ким Ил Сунг“, Ким Геум Чол, ја предводи делегацијата на службеници за воена обука и отпатува со авион во понеделникот, објави државната новинска агенција КЦНА, без да даде други детали, вклучително и целта на посетата.

За време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Пјонгјанг во јуни беше потпишан договор за сеопфатно стратешко партнерство кое вклучуваше договор за заемна одбрана за кој Ким рече дека претставува „сојуз“. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан