• недела, 22 декември 2024

Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија

Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија

Белград, 21 мај 2024 (МИА) - Во силното невреме што го зафати Сомбор и околината околу 17 часот, една жена загина кога дрво паднало врз возилото што го управувала, соопшти денеска српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Како што изјавил, жената од здобиените повреди починала на самото место, се наведува во соопштението на српското МВР.

Дачиќ ги повика граѓаните да бидат крајно внимателни поради невремето во Србија, за кое предупреди и Републичкиот хидрометеоролошки завод.

Силно невреме го зафати Нови Пазар и околината околу 15 часот, предизвикувајќи прекин на електричната енергија во неколку населби. Силен дожд и град со големина на ореви паѓаа со часови без престан, јавува РТС. ссм/

фото: принтскрин

.

Остани поврзан