• недела, 19 мај 2024

Една жртва и осуммина повредени при пукање во Њујорк

Една жртва и осуммина повредени при пукање во Њујорк
Њујорк, 20 јуни 2022 (МИА) - Едно лице загина, а осуммина се повредени при пукање рано изутринава на собир во Харлем во Њујорк, информираше полицијата. При пукањето повредени се две женски и седум машки лица, од кои 21-годишно момче им подлегна на повредите. Во тек е истрагата за околностите што довеле до инцидентот. Информации за осомничени досега нема, но полицијата на Твитер соопшти за пронајден пиштол на местото на трагедијата. бд/сд/

Остани поврзан