• вторник, 14 мај 2024

Европскиот парламент го повика Меѓународниот кривичен суд да издаде потерница по Лукашенко

Европскиот парламент го повика Меѓународниот кривичен суд да издаде потерница по Лукашенко

Стразбур, 18 јули 2023 (МИА) - Европскиот парламент денеска го повика Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде потерница по белорускиот претседател Александар Лукашенко.

„Меѓународниот кривичен суд веќе има налози за апсење на рускиот претседател Путин и руската комесарка за човекови права Марила Лвова-Белова, а сега европратениците го повикуваат МКС да разгледа сличен потег за Лукашенко“, се вели во соопштението на Европскиот парламент.

Европскиот законодавен дом тврди дека владата на Лукашенко сноси одговорност за злосторствата извршени против Украина, особено за, како што се наведува, депортација на украински деца. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан