• понеделник, 13 мај 2024

ДУИ: Масовно да ја поддржиме кандидатурата на д-р Бујар Османи

ДУИ: Масовно да ја поддржиме кандидатурата на д-р Бујар Османи

Скопје, 4 април 2024

- На полноќ почна изборната кампања за претседателските избори закажани за 24 април. Демократската унија за интеграција во оваа прилика ги повикува политичките партии-учеснички на изборите на 24 април да водат мирна и демократска кампања, заснована на конкретна програма и понуда.

Воедно, ги повикуваме активистите и граѓаните да се воздржат од можни провокации кои можат да дојдат од различни кругови кои сакаат да ја дестабилизираат државата, и да влеат страв и предизвикаат криза во пресрет на претседателските избори на 24 април.

Демократската унија за интеграција и Европскиот фронт се убедени дека на 24 април кандидатот за претседател, д-р Бујар Османи, исто како и на 8 мај - на парламентарните избори, коалицијата „ДА за Европа, НЕ за Русија“ ќе извојуваат најубедлива победа забележана досега во Северна Македонија.

Програмата и понудата на идниот претседател, д-р Бујар Османи ќе биде претставен од град во град, село по село и врата до врата, за да покажеме дека гласот за кандидатот под реден број 4, е глас за европска Македонија и за безбедна и просперитетна иднина на секој граѓанин на државата.

Со желба за европска кампања, Демократската унија за интеграција ги повикува граѓаните масовно да ја поддржат кандидатурата на д-р Бујар Османи и со ова да го продолжиме евроатлантскиот пат и најбрзото можно членство на Северна Македонија во Европската Унија.

ДУИ

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан