• недела, 28 април 2024

ДУИ: Корупцијата има име, Изет Меџити и општина Чаир

ДУИ: Корупцијата има име, Изет Меџити и општина Чаир

12 април 2024 

Изет Меџити и другите деривати на ВМРО-ДПМНЕ се засрамени од длабокиот пораз од Европскиот фронт, додека се обидуваат да свртат внимание на фактот дека и како губитници можат да бидат дел од Владата, со оглед на блиската соработка со Мицкоски и Апасиев од Левица.

Во екот на клеветите и поттикнувањето паника, Меџити денеска изјави дека „Мицкоски и СДСМ и многу фактори (соработници на Кремљ) бегаат од ДУИ“.

Ги информираме Меџити и дериватите на Москва дека ДУИ и Европскиот фронт коалицираат само со граѓаните, додека САД и Европската Унија се партнери.

Ова партнерство ќе биде запечатено на 24-ти април и 8- ми мај, кога Европскиот фронт ќе помине на +20 пратеници.

Воедно, ги известуваме Меџити и проруските деривати дека корупцијата и криминалот имаат име - Општина Чаир, веќе преобразена во противправна сопственост на два-тројца, кои плашејќи се од следната загуба се кријат под антиевропскитр политики и проруската ВМРО-ДПМНЕ.

ДУИ 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: МИА архива

Остани поврзан