• сабота, 27 јули 2024

Државното стручно училиште „Киро Бурназ“ Куманово доби објект од МОН во поранешната касарна „Х.Т. Карпош“

Државното стручно училиште „Киро Бурназ“ Куманово доби објект од МОН во поранешната касарна „Х.Т. Карпош“
Куманово, 8 март 2023 (МИА) - Објект од поранешната касарна „Христијан Тодоровски Карпош“ од денеска е во сопственост на Државното средно училиште, Регионален центар за стручно образование „Киро Бурназ“, соопштија надлежните од училиштето.
 
Објектот ќе го користат учениците кои следат настава на албански наставен јазик. Директорката на училиштето, Весна Трајковска соопшти дека примопредавањето помеѓу претставници од Министерството за образование и наука е извршено официјално вчера, а реконструкцијата ќе започне во најкус можен рок.
 
- Би сакала да изразам задоволство и благодарност до Министерството за образование и наука и Владата на Република Северна Македонија кои овозможија а го добиеме. Нашите ученици кои порано следеа настава во Липково, пред десет година беа префрлени во касарната во бараки. Ние постојано баравме решение да се сместат во зграда-тврда градба. Кога бевме општинско баравме преку советот. Сега пративме барање до МОН со точно утврден објект, наидовме на разбирање од МОН и Владата добивме одобрение со која ни се даде на користење еден од објектите кои се поранешната касарна, изјави Трајковска.
 
Наредниот период училиштето ќе подготви проект за реконструкција на објектот и ќе аплицира до амбасади. Објектот е цврста градба има подрум, два влеза кои можат да се спојат, располага со водоводна, канализациска мрежа. Според Трајковска потребни се зафати во однос на инсталацијата и поправка на одредени делови, но во целина објектот ги задоволува стандардите за учениците.
 
- Напорно ќе работиме да почнеме со реконструкција и учениците да следат настава таму, изјави Трајковска. ам/мс/
 
Фото: „Киро Бурназ“/МИА

Остани поврзан