• понеделник, 18 ноември 2024

Коалицијата „Вреди“ најави општинска поддршка за формирање Албанска академија за наука и уметност во Северна Македонија

Коалицијата „Вреди“ најави општинска поддршка за формирање Албанска академија за наука и уметност во Северна Македонија

Тетово, 27 јули 2024 (МИА) - Претставници и лидери на партиите кои ја сочинуваат коалицијата „Вреди“ денеска имаа средба со Здружението Албанска академија на науките и уметност во Тетово од која најавија дека општините ќе го финансираат ова здружение, а најавија и активности со цел да се оформи академијата како јавна установа.

- На почеток оваа академија ќе биде поддржана од општините. Во меѓувреме сè додека не најдеме законски решение таа да функционира во согласно законот и поддржана финансиски од буџетот,  односно од јавните пари. Ова е еден чекор за да покажеме дека Албанците како важен дел на оваа држава можат да придонесат и во науката, може да придонесат и во уметноста и во сите области на ова општество затоа што цениме дека како втор поголема народ во државата имаме интелектуални капацитети за да основаме академија која ќе придонесе во сите овие области за кои ќе биде основана, изјави Биљал Касами, претседател на Движење Беса во име на коалицијата „Вреди“.

Зеќир Кадриу, секретар на Здружението Албанска академија на науките и уметност во Тетово рече дека оваа е нивна втора средба со коалицијата „Вреди“ која донела конкретни решенија.

- Ние се чувствуваме многу горди што првиот чекор беше порано, а сега е и втор пат. По основање на Владата веќе почнуваме да го реализираме тоа што е предвидено што е ставено во програма. Во почетокот сите општини што се во расположение да помогнат, ќе помогнат за основање на оваа Академија, а понатаму, кога ќе се донесе закон тој закон ќе биде правосилен и ќе може понатаму да авансираме академија, што навистина мислам дека Албанците во Република Северна Македонија заслужуваат, истакна Кадриу.

Здружението бара да добие јавен простор и јавни финансии за научно - истражувачка работа во сферата на албанологијата, културата и посебностите на Албанците. ас/дма/

 

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан