• вторник, 14 мај 2024

Директорот на АМС, Мојсовски го прими првиот македонски освојувач на предизвикот Еверестинг, Беќири 

Директорот на АМС, Мојсовски го прими првиот македонски освојувач на предизвикот Еверестинг, Беќири 
Дебар, 29 јули 2022 (МИА) - Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски
вчера го примил првиот македонскиот освојувач на предизвикот Еверестинг  Харис Беќири од Ростуше, општина Маврово и Ростуше, информираа од тимот на Беќири.
Тие искажуваат голема благодарност за покажаното внимание и честа што им е направена.
Во исто време се заблагодаруваат на жителите на Ростуше кои масовно го дочекале нивниот херој, кому му дале целосна поддршка пред и за време на неговиот подвиг.
- На  несекојдневниот спортски предизвик – „Еверестинг“, што е  најтежок предизвик за качување во светот му претходеше  неколкумесечен интензивен тренинг. По идеја на босански планинар,  Харис  педагог и вљубеник во планината, одлучи да го оствари најтешкиот спортски предизвик.
Од Ростуше, преку водопадот Дуф, па се до Крчин, ја обележа  патека по која ќе се движи, истата ја поднесе електронски на веб страната на STRAVA, кои  по неколкудневна анализа и проценка, одлучија да го одобрат и следат подвигот на нашиот  Харис, додаваат од тимот.
Посочуваат дека  со  ова остварување, Харис станал 613 човек кој успеал да го оствари овој резултат.
- Но,  тој освен качувањето, за разлика од другите, кои се симнуваат со жичара или со автомобил, прави и деверестинг, односно се симна пеш  по истата патека. Со поминати 91 км, за 30 часа и 15 минути, ја поминува патеката долга 2,6 км 34 пати, со четири контролни точки и лекарски преглед на секој петти круг, нагласуваат тие.
Овој подвиг беше потпомогнат од мештаните на селото Ростуше, а во стручниот дел беа вклучени дипломирани професори по физичка култура, медицински персонал, како и млади планинари-наследници на Харис.
-Честитајќи му од се срце, директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски беше изненаден од остварениот подвиг, ветувајќи поинтензивна соработка со младите во овој регион, и вклучување на вакви екстремни спортски остварување во Европската недела на спортот, за која АМС има договор за соработка со Општина Маврово-Ростуше, наведуваат од тимот.
Харис предизвикот го започна на 23 јули во 4 часот наутро, а го заврши успешно напладне на 24 месецов. вт/мд/

Остани поврзан