• сабота, 18 мај 2024

Димовски до Мицкоски: Ова не е начин да покажеш дека си поразличен политичар

Димовски до Мицкоски: Ова не е начин да покажеш дека си поразличен политичар
Скопје, 3 јуни 2022 (МИА) - Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Дарко Димовски попладнево реагираше на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека ги поддржува работниците, но не и синдикалниот лидер за кого рече дека е омилен на власта. Димовски го повика Мицкоски да ги повика градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и директорите на јавните комунални претпријатија да им ги зголемат платите на вработените за 2.806 денари. - Ова не е начин да покажеш дека си поразличен политичар, особено не со декларативни изјави дека поддржуваш декларативно зголемување на платите, а твоите политички поставени директори никаде не ги зголемиле истите и декларативно унапредуваш работнички права, а со предлог измени од твои пратеници во Собранието за недела да биде работен ден  преку цела година за работниците во туристичките места ги уназадуваш работничките права. Ваквите напади спрема синдикатите и работниците се ехо на еден режим и се директно спротивни на конвенциите на МОТ, па дали тоа значи директно мешање во работата на синдикатите за што, како што велите Вие, ќе мораме да ги информираме сите меѓународни организации и институции, вели Димовски во писмото упатено до Мицкоски. Тој го повикува Мицкоски во понеделник на средба во ССМ за, како што вели, нештата да бидат појасни за сите работници. бак/нд/  

Остани поврзан