• петок, 10 мај 2024

Димитриевски прогласен за МВП на натпреварот со Реал

Димитриевски прогласен за МВП на натпреварот со Реал

Мадрид, 6 ноември 2023 (МИА) – Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е прогласен за најдобар играч на синоќешниот натпревар на неговиот тим Рајо Ваљекано и Реал Мадрид.

Средбата заврши без победник 0:0, а Македонецот со неколку одбрани го спаси својот тим од пораз.

Ова беше шести натпревар во тековната сезона на кој Димитриевски ја зачува мрежата „чиста“.

По 12 кола во шпанската Ла Лига, Рајо Ваљекано има 18 бода и се наоѓа на 9. место, Реал Мадрид со 29 бода е втор. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан