• недела, 22 декември 2024

Ливерпул подготвен да се раздели со Нуњез за 85 милиони евра

Ливерпул подготвен да се раздели со Нуњез за 85 милиони евра

 

Мадрид, 10 мај 2024 (МИА) – Уругвајскиот фудбалски репрезентативец Дарвин Нуњез би можел ова лето да го напушти Ливерпул и да ја продолжи кариерата во Барселона.

Менаџерот Жорге Мендеш е во срцето на разговорите за заминување на Нуњез од Ливерпул, тврди денеска шпанскиот весник „Спорт“, повикувајќи се на блиските врски на популарниот фудбалски агент со Барселона и нејзиниот претседател, Жоан Лапорта.

Најавите за евентуално заминување на Уругваецот се интензивираа, откако 24-годишниот Нуњез ги избриша сите негови фотографии поврзани со Ливерпул од својот Инстаграм профил.

„Мендеш сака Дарвин да го напушти Ливерпул. Тој е фудбалер кој многу го цени и има други аспирации за него“, пишува „Спорт“.

Според весникот, управата на Ливерпул е подготвена да го продаде Уругваецот доколку добие понуда од најмалку 85 милиони евра.

„Неговата цена се зголеми во последните години и Ливерпул нема да го продаде за помалку од 85 милиони евра“, наведува шпанскиот весник. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан