• понеделник, 23 декември 2024

ДИК го утврди редоследот на гласачкото ливче и локациите на рекламните паноа и билборди за претседателските избори

ДИК го утврди редоследот на гласачкото ливче и локациите на рекламните паноа и билборди за претседателските избори

Скопје, 25 март 2024

Денес, Државната изборна комисија ја одржа 90 -тата седница на која беа спроведени ждрепката за утврдување на редоследот на листите на кандидати за избор на Претседател на Република Северна Македонија 2024 година и ждрепката за распределба на локациите на рекламните паноа и билборди за Изборите за Претседател на Република Северна Македонија 2024 година.

На седницата, претседателот на комисијата, Александар Даштевски информираше за потврдените листи на кандидати за Претседател на државата и за процедурата за спроведување на ждрепката.

По спроведената ждрепка за утврдување на редоследот на листата на кандидати за претседател на државата, овластените претставници на кандидатите за претседател на државата ги извлекоа редните броеви под кои кандидатите ќе се водат на гласачкото ливче на денот на изборите. Редоследот е следниот:

1. Стево Пендаровски

2. Гордана Силјановска Давкова

3. Стевчо Јакимовски

4. Бујар Османи

5. Билјана Ванковска Цветковска

6. Арбен Таравари

7. Максим Димитриевски

На продолжението на седницата, јавноста се информираше за пристигнати понуди за рекламни паноа и билборди врз основа на чл. 78 а од Изборниот законик за спроведување на Изборите за претседател на Република Северна Македонија кои ќе се одржат на 24 април 2024 година.

Пристигнати се понуди од следните понудувачи:

1. Ок Медиа ДООЕЛ

2. Лид Комјуникејшнс ДОО

3. Медиа Маркетинг ЛТД ДООЕЛ

4. Техномакс Р ДООЕЛ

5. Фотомак биг принт ДООЕЛ

6. БУСТ ДООЕЛ

7. Арт Медија ДООЕЛ

8. Метрон Трејд ДООЕЛ

9. ПРАГ 33 ДООЕЛ

10. Скрин Медиа

11. 2С Медиа увоз-извоз ДООЕЛ

12. Акцент Медиа ДООЕЛ

Доставените пакети од секој од понудувачите се распределени согласно чл.78-а од Изборниот законик и тоа :

  • - Пакет 1 - 40% од локациите
  • - Пакет 2 - 40% од локациите
  • - Пакет 3 - 10% од локациите
  • - Пакет 4 - 10% од локациите

Претставниците на понудувачите ги извлекоа пакетите кои се доделуваат на политичките партии на власт или во опозиција како и на парламентарните партии кои немаат пратенички групи и вонпарламентарните партии.

Политичката партија која нема да го искористи вкупниот процент за закуп на рекламни паноа и билборди или локации е должна веднаш да ги извести правното лице што стопанисува со рекламните паноа и билбордите и Државната изборна комисија.

 

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан